Александар Сирски, ФОТО/ mind.ua

Командантот на копнените сили генерал Сириски „мозокот“ на украинската контраофанзива го нема со месеци

Командантот на вооружените сили на Украина Валериј Залужни недостасува на боените полиња. Тој одбил да учествува на конференцијата на началниците на Генералштабот на Алијансата на НАТО, дури ни писмено не се обратил, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на руски извори.

Во медиумите се шпекулира дека украинскиот командант може да биде ранет, па дури и убиен. Неодамна во близина на Павлоград беше уништен штабот каде што можеше да биде Залужни. Според извештаите на медиумите на 9 мај беше објавено дека е ликвидиран советникот на кабинетот на претседателот на Украина Алексеј Титоренка, кој беше нападнат во близина на градот Часов Јар. Дали бил таму сам или со Залужни засега не е познато.

Сепак, експертите не исклучуваат дека Залужни е жртва на амбициите на Зеленски.

„Офанзивата, на пример, требаше да започне на 9 мај, но не започна на 9 мај. Зеленски го обвини Залужни за се, тој рече: Поднесете оставка. Сириски, преземете команда, наведува Политика. Во таква ситуација, се разбира, ниту еден од генералите не бил подготвен за состанок на НАТО“, смета експертот Јуриј Кнутов.

Друга верзија е дека Александар Сирски, командантот на копнените сили на Украина, бил ликвидиран, поради што Залужни мора да командува со сите и е навистина многу зафатен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот