Командантот на алфите Димовски: Подготвен сум да го вратам секој денар кој не сум го заработил

Фото: Фејсбук

Откако се најде на листата на лица ангажирани од СЈО на кои им се исплатени хонорари, се огласи командантот на полициската единица алфи.

Тој на Фејсбук напиша дека доколку се утврди оти парите не ги заработил и заслужил, тој е подготвен да ги врати.

-Како истражител во СЈО бев ангажиран во време во кое сосема неизвесно беше кој ќе ја предводи власта во наредниот период. Од клучно значење беше ангажманот на припадниците на МВР во СЈО, иако само малкумина, и покрај заканите и притисоците, се приклучија во борбата за правдата и вистината. Од клучно значење беше и моето повеќегодишно работно искуство во специјалните единици на МВР, за предмети за кои вистината гласно ја бараше целата македонска јавност. Часови и часови напорно работев со обвинителите, работев на материјалите од разговорите, но и на терен… Жедно ја посакував правдата и вистината и јас, и можам слободно да кажам дека ангажманот како истражител во СЈО беше еден од моите најголеми предизвици и искуство во професионалната кариера. За мојата работа никогаш не зборував, апсолутно почитувајќи го начелото на доверливост на кое се обврзав, но ангажманот можеше да се претпостави поради моето често физичко присуство во СЈО сите овие години.

Иако медиумите прикажаа табела со исплатени средства на која сум високо на врвот, за волја на вистината, од целиот тим на истражители износот кој мене ми беше исплаќан е најнизок во споредба со другите. Во секој случај, повикувам, доколку некој може да ја утврди вредноста на мојот вложен труд и работа на предметите, и времето поминато на ангажманот како истражител, и при тоа утврди дека тоа не е соодветно со средствата кои сум ги добивал за таа намена, јас сум подготвен да го вратам секој денар кој не сум го заработил – напиша Димовски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот