Колку точно физичка активност го продолжува животот? Одговорот ќе ве изненади!

Луѓето кои посветиле на вежбањето само 92 минути неделно или околу 15 минути во денот, ќе живеат дури три години подолго од оние кои не се активни. Покрај тоа, кај нив ризикот од развој на срцеви заболувања и карцином е намален за 14 отсто.

Друга студија објаснила дека 75 минути умерено вежбање може да го продолжи животот за дури 1,8 години, додека 300 минути ќе значи 3,4 години повеќе живот, а 500 минути му додаваат дури 4,5 години на животот.

Иако можеби не постои дефиниран, магичен број на минути кои мора да ги посветиме на вежбањето, досегашните студии потврдија дека физичката активност може да ги намали шансите за развој на некои фатални болести. Едно истражување потврдило дека само два и пол часа брзо одење неделно може да ги намали шансите за развој на дијабетес.

unsplash

Студиите потврдуваат дека со вежбањето се намалува и крвниот притисок, со што се намалува ризикот од срцев удар, Алцхајмерова болест, па дури и од развој на рак. Покрај тоа, кога вежбате, се ослободуваат ендорфините, па ќе бидете и подобро расположени.

Жените можат да профитираат повеќе

Доброто расположение е само една од придобивките од која ќе профитираат и жените и мажите, но според научниците, жените живеат подолго од мажите околу четири години, а таа разлика порано беше уште поголема. Постојат многу фактори кои влијаат на животниот век, па во моментов е нејасно дали вежбањето влијае подобро на жените. Некои истражувања покажуваат дека вежбањето го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести и дијабетес во поголем процент кај жените.

Заклучок: Можноста да живееме подолго е само една од предностите на физичката активност

Без оглед на полот, ако планирате да додадете малку физичка активност во секојдневието, запомнете дека и малку е многу подобро од ништо. Некои вежби даваат повеќе придобивки од другите, па една студија покажала дека тенисот, пливањето и аеробните вежби се идеални за долговечност.

Кај луѓето кои одвојуваат секоја недела околу 150 минути за вежбање, и притоа користат рекет, забележано е 47 отсто помал ризик од рана смрт, од оние кои не вежбаат. Пешачењето, пливањето, тренингот со сила се исто така одличен избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот