Колку шеќер е опасно?

Веќе сме запознаени со тоа дека шеќерот е особено лоша намирница за нашето здравје, но новата студија тврди дека дури и мала количина на шеќер дневно може значително да го зголеми ризикот од рак, објави British Medical Journal.

Тим од француски истражувачи собра податоци од повеќе од сто илјади здрави возрасни лица, на отприлика 42 годишна возраст и нивните навики за внесување на шеќер. Резултатите покажаа дека консумацијата на само сто милилитри засладен пијалок дневно би можело да биде поврзано со 22 проценти поголем ризик од развој на ракот на дојка и 18 проценти поголем ризик од појава на рак од било кој вид.

Иако станува збор за опсервациска студија, што значи дека не е можно да се доведат во директа врска шеќерот и ракот, истражувачите забележаа дека врска сепак постои. Студијата била прилагодена на полот, возраста, степенот на кондиција, нивото на образование и прехрамбените навики.

Ова не е прв пат да се зборува за штетноста на засладените пијалоци, што значи дека треба да ги избегнувате во голем дел, исто така и 100% природните сокови кои се сметаат за високозасладени пијалоци, а беа и тие дел од оваа студија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот