Колинда добива НОВА КОНКУРЕНЦИЈА – Политичарот влегува во трката за претседател, смета дека е потребен „НОВ ТУЃМАН“ (ФОТО)

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ ќе поднесе оставка на таа функција и ќе влезе во трката за претседател на Хрватска, пишува загребски Национал, повикувајќи се на неименувани извори.

Во случај на пораз во првиот круг, Бандиќ би ја подржал актуелната претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, а потоа би зајакнал својата партија, станувајќи клучен коалициски партнер на идната влада, објавил хрватскиот неделник.

Фото: Профимедиа

Новата градоначалничка на Загреб, во тој случај, би била Јелена Павичиќ Вукичевиќ.

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ за овој план дознал вчера.

За можната кандидатура на Бандиќ почнало повеќе да се збори по одбележувањето на „Олуја“ во Книн, кога Бандиќ рекол дека на Хрватска и е потребен „нов Туѓман“ и најавил дека „ќе рече нешто на крај на септември“, пренесува Индекс.хр.

– На Хрватска и е потребен нов Туѓман, човек кој ќе ги обедини луѓето за работа, знаење, демографска обнова и солидарност – рекол Бандиќ на 5 август во Книн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот