Деца во градинка играат на турбофолк песна Фото: Принтскрин/Јутјуб

Коксаки се појави и во градинка во Тафталиџе, каде имало и конјуктивитис

По објавата на „Слободен печат“ дека во градинката „Пролет“ клон „Сончоглед“ скоро цела група е заболена со коксаки вирус, во нашата редакција се јави родител кој тврди дека коксаки има и во градинка во Тафталиџе 2. Мајката вели дека нејзиното дете оди во таа градинка и пред три недели исто било болно од коксаки.

-Не е само градинката во Влае. И во „Мајски цвет“ цела група бебиња меѓу кои и моето дете се заразија со коксаки пред три недели. Известени беа воспитачките, а чисто се сомневам дека тие пријавиле понатаму на надлежни органи како што е процедурата. Постојано повторуваат дека од нивна страна се се дезинфицира, а упорно нови деца заразени се појавуваат- тврди мајката. Но не е само коксаки вирусот проблем.

Мајката објаснува дека има постаро дете кое оди во групата со 4-5 години и сите во таа група се заразиле со конјуктивитис.

– Нема апсолутно никаква хигиена. Ги спојуваат групите како ќе им текне, деца се облекуваат во туѓи блузички, ни даваат алишта кои не се наши. Само во короната одговорно се работеше, сега е се по старо- вели мајката.

Ова е втора градинка по ред во која за два дена родители пријавуваат коксаки вирус кој се појавува поради нехигиена. Родителите велат дека цели групи на деца се болни, а надлежните дека има само едно заболено дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот