Која е новата министерка за финансии?

фото: Фејсбук

Премиерот Зоран Заев вчера ја предложи Нина Ангеловска за нова министерка за финанси, а откако предлогот ќе биде доставен до Собранието, таа и официјално ќе раководи со државната каса.

Оваа млада дама во јавноста е позната како основач на „Grouper.mk“ и претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Минатата година, таа беше избрана од „Forbes“ и се најде на „30 under 30“ листата од триесет најдобри претприемачи на ниво на Европа, откако истата беше превземена од еминентниот германски магазин „The Hundert“, каде Ангеловска беше рангирана меѓу 100 успешни жени основачи на стартапи на „Стариот континент“.

Ангеловска е извршен директор и ко-основач на „Grouper.mk“, првиот македонски веб-сајт за групни попусти, кој започна со работа во 2011. година.

Таа за „својата гордост“ вели дека се појавила во вистинско време на вистинско место.

– Во време на економска криза кога сите бараа начини да заштедат, кога во земјава не постоеше еден веб сервис од ваков тип, попустите се покажаа како одличен поттикнувач за многу граѓани да го направат своето прво онлајн купување – изјави неодамна Нина во едно интервју.

Извршната директорка на „Grouper.mk“ вчера на социјалната мрежа „Facebook“, објави статус во во кој вели дека своето речиси 10 години домашно и интернационално искуство и значителна меѓународна препознаеност на нејзината напорна работа и придонес.

– Со прифаќање на овој голем предизвик, подготвена сум целото свое стекнато знаење, менаџерски способности и бизнис искуство, да ги вложам за најдобро вршење на оваа исклучително одговорна фукнција, носење на најдобрите информирани одлуки за нашата земја и граѓаните, брзо апсолвирање и одговорно делување –  вели Ангеловска во својот статус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот