Која е Марсија Цибеле Аоки? Вдовицата на Пеле беше неговата најголема љубов

Фото: Инстаграм

Светот се збогува со големиот Пеле. Роден како Едсон Арантес до Насименто, легендарниот бразилски фудбалер остави голема трага во фудбалскиот свет, но и во срцата на многу жени. Но, една жена го зазема неговото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)


Марсија Цибеле Аоки (56) стоела покрај својот сопруг до последен момент, а нивната љубовна приказна започнала на малку неочекуван начин.

Иако беа во брак само шест години, а заедно поминаа речиси една деценија, нивното запознавање оди многу поназад во минатото.

Неочекувана средба

Пеле и Марсија се запознале на забава во Њујорк во 80-тите, пишува „Сан“. Но, тие започнале врска дури по случајна средба неколку децении подоцна, во 2010 година, во еден лифт во Сао Паоло, кога сфатиле дека живеат во истиот кварт.

Веднаш се сетиле еден на друг, но овој пат искрите беа пресилни. Марсија штотуку се развела и немала никакви замисли за тоа каде ќе ја одведе оваа неочекувана средба. Почнале да се забавуваат, а шест години подоцна, во јули 2016 година, се венчале во градот кој повторно ги споил. Тоа бил трет брак за Пеле и втор за Марсија, но немаат заеднички деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @evmcboweb2012

Која е Марсија Аоки?

Денес таа е успешна деловна жена, но Марсија имала скромни почетоци. Таа има јапонско потекло, родена е во Сао Паоло и има брат Карлос Алберто Аоки. Уште од мала сакала да стане успешна претприемачка, исто како и нејзините родители, во што и успеала. По завршувањето на образованието, Марсија основала компанија која се занимава со набавка на медицинска опрема.

Последната љубов

Иако е успешна деловна жена, Марсија се најде на мета на критичарите кои ја нападнаа дека се омажила за Пеле со задни намери и ја обвинија големата разлика во годините (26). Но, нивниот брак беше тивок и без скандали, а легендарниот фудбалер во него ја најде третата и последна среќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)

Емотивна посвета

Можеби најголемиот доказ за нивната љубов може да се најде во посветата на Пеле од минатиот јуни, кога на Инстаграм напиша: „Знам дека Бог постои затоа што постои љубов. Мој совет е: никогаш не престанувај да сакаш. Живеј во потполност. Кажувај ‘те сакам’ често. Сакам да ѝ се заблагодарам на мојата сопруга Марсија за секој ден што го поминавме заедно.“

Почина Пеле, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња

ФОТО | „Те сакаме бескрајно“: Семејството се прости од Пеле

Телото на Пеле ќе биде изложено на стадионот на Сантос, погребната церемонија ќе трае 24 часа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот