ФОТО | „Те сакаме бескрајно“: Семејството се прости од Пеле

Фото: Инстаграм/Кели Кристина Наскименто

По тешката борба со ракот, спортската легенда Едсон Арантес до Наскименто, попознат како Пеле, почина на 82-годишна возраст и ги остави во тага сите обожаватели на најважната споредна работа на светот – фудбалот.

Неговото семејство се прости од него со трогателна фотографија од болница – нивната последна заедничка фотографија.

„Тоа што сме денес е благодарение на тебе. Те сакаме бескрајно. Почивај во мир“, напиша неговата ќерка Кели Кристина Наскименто во описот на фотографијата, на која членовите на семејството на Пеле го држат за рака.

Фото: Инстаграм/Кели Кристина Наскименто

Кели Кристина е едно од трите деца на Пеле и неговата прва сопруга, Роземери дос Реис Чолби, со која бил во брак од 1966 до 1982 година. Покрај Кели Кристина, тие ја добиле и ќерката Џенифер и синот Едсон.

Семејството на Пеле во болница, како поддршка во неговите последни денови од животот / Фото: Инстаграм/Кели Кристина Наскименто

Почина Пеле, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот