Која е идеална возраст за детето да почне да скија и да борда

Скијањето и бордањето можат да бидат многу забавни зимски авантури за децата, но сепак, треба да се внимава кога и како да се почне.

Нема идеална возраст за да започнете да ги правите првите чекори на скии: многу зависи од подготвеноста на детето за учење, големината на телото и физичката структура. Пред сè, важно е објективно да се процени степенот на моторна координација на детето, можноста за рамнотежа и можноста за преместување на тежината од едната нога на другата. И на крај, подготвеноста на родителите да го доближат детето до овој зимски спорт, без да го присилат на тоа – само на тој начин децата ќе можат да се вљубат во скијањето.

Да не заборавиме, родителите и инструкторот треба да му помогнат на детете во охрабрувањето и покрај неизбежните тешкотии на почетокот.

Тригодишно дете, на пример, првично може да му пристапи на снежниот свет дури откако ќе успее да се задржи на скии (на суво) десет минути. На тој начин ќе се запознае со опремата и со чувството да се биде на скии, пред да започне со вистинските лекции на снег.

Сепак, обично се препорачува да почекате детето да има 4 години, со оглед на тоа што тоа се смета за совршена возраст за почеток.

Се разбира, може да почекате и неколку години повеќе, до 7-та година на детето, пред да се пристапи кон вистински курс: но, често се случува постаро дете да не сака да посетува курсеви за деца почетници кои се многу помлади од него.

Што се однесува до сноубордингот, подобро е да почекате детето да наполни најмалку 8 години, бидејќи овој спорт бара поголема координација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот