Кој период од денот телото согорува најмногу калории?

Unsplash
Unsplash

Внатрешниот часовник на нашето тело ни кажува кога сме гладни, кога сме уморни или кога треба да спиеме, но и многу повеќе од основните информации кои веќе ги знаеме.

Часовникот на телото исто така одредува во кое време од денот согорувате најмногу калории, дури и кога не сте активни, покажало едно ново истражување.

Според студијата објавена во „Current Biology“, доцна попладне и рано навечер е периодот кога согоруваме 10 проценти повеќе калории отколку наутро.

Студијата укажува на важната улога игра деноноќниот ритам во регулирањето на метаболизмот. Како резултат, луѓето кои имаат неправилен распоред на спиење поради ноќни смени или други фактори имаат поголема веројатност да добијат плус на тежина.

За да се проценат промените во метаболизмот во текот на денот без влијание на нивото на активност, навиките на јадење и навиките на спиење, научниците проучувале седум учесници во лабораторија за еден месец без прозорци и часовници.

Учесниците немале ниту телефон ниту интернет, а притоа им било дадени распоред кога треба да спијат, да се разбудат и да јадат. Секоја вечер, учесниците легнувале четири часа подоцна од претходната ноќ, поради што внатрешниот часовник на телото повеќе не можел да го следи нивниот ритам.

Сето ова било дизајнирано човечкото тело да не се потпира на знаци од надворешниот свет. Ова им овозможило на истражувачите да ја измерат брзината на метаболизмот во кое било време од денот, пренесува „Times Of India“.

Учесниците откриле дека согоруваат најмалку калории во мирување доцна во ноќта кога доживеале пад на телесната температура. Потрошувачката на енергија била најголема околу 12 часа подоцна, во вечерните и попладневните часови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот