Кој и каде се рекламирал најмногу за локалните избори? Стигнаа резултатите од државниот мониторинг
Во изборната кампања за првиот круг од локалните избори што се одржаа во октомври, најмногу време за платена политичка програма на радиодифузерите закупила Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ (189 часа 39 минути и 20 секунди), Коалицијата Национална алијанса за интеграција-НАИ предводена од ДУИ (119 часа 5 минути и 50 секунди), потоа Коалицијата за Локални избори 2025 година предводена од СДСМ (109 часа 25 минути и 5 секунди) и Коалицијата Влен (76 часа 42 минути и 2 секунди).
Препорачано
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, до Државната изборна комисија го достави Извештајот за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за време на првиот круг од изборната кампања за Локалните избори, од 29 септември до 17 октомври 2025 година.
Податоците во Извештајот се добиени преку мониторинг на емитуваното платено политичко рекламирање кај радиодифузерите и дополнително се проверени низ постапката на потврдување на извештаите за реализирани услуги на радиодифузерите.
На листата ја нема Левица, на која непосредно пред изборите ѝ беше забрането да се рекламира во медиумите
Од 75 радиодифузери (33 ТВ и 42 РА) регистрирани во Регистарот на Државната изборна комисија за емитување платено политичко рекламирање (ППР) за Локалните избори 2025, во првиот круг од изборната кампања, вкупно 68, склучија договори со учесниците во изборната кампања – 33 телевизии и 35 радија.
На сите 33 телевизии беа емитувани вкупно 377 часа 20 минути и 10 секунди, додека на сите 35 радија беа емитувани вкупно 185 часа 17 минути и 43 секунди платено политичко рекламирање. Вкупно на сите радија и телевизии биле емитувано ППР од 562 часа 37 минути и 53 секунди.
Од 9-те национални телевизии коишто склучија договори за емитување ППР, најголем обем на рекламирање време имала Канал 5 (41 час, 7 минути и 53 секунди), Алсат-М (34 часа, 9 минути и 29 секунди) и Компани 21-М (27 часа, 3 минути и 57 секунди). Најмалку национална радиодифузија склучија договори за емитување ППР, а најмногу рекламирано време имала Антена 5 (14 часа, 8 минути и 27 секунди) и Канал 77 (9 часа, 49 минути и 40 секунди).


