Кои се ЧЕТИРИТЕ ЖЕНИ кои Трамп ги навредил поради потеклото: Една од нив има слична судбина како МЕЛАНИЈА

Instagram

Илхан Омар, Александрија Окасио-Кортес, Рашида Тлаиб и Ајана Презли – тоа се имињата на четирите жени, демократи во американскиот конгрес, кои претседателот на САД ги навредил и кои сега го обвинуваат за расизам.

Трамп им рекол „да се вратат од каде што дошле“ и да „ги поправат своите разурнати и криминални држави“.

Иако не именувал ниту една од нив директно, се претпоставува дека станува збор токму за нив четири, сега познати како „Тимот“, кој поцврсто од секогаш зазема став против претседателот на САД.

Трамп ги критикувал обоените жени, нарекувајќи ги предизвикувачки на нереди родени во странство, (иако од нив четири единствено Илхан Омар не е родена во САД), поради што е обвинет за расизам.

Кои се тие?

Илхан Омар е родена во главниот град на Сомалија, Могадиш. Таа е претставничка на Конгресот од Минесота и една од двете жени од исламска вера која се наоѓа во таа институција. Не е родена во САД, но е американска државјанка.

Била изабраната на изборите во 2018 година и оттогаш неколкупати била во центарот на вниманието. Таа е прва жена од Сомалија која е на ваква функција во САД, првата Африканка што влегла во тој дом и првата „обоена“ жена избрана во Минесота. Остро ја критикува американската имиграциона политика и во неколку наврати се спротивставила на забраните на Трамп за влез во земјата и за неговите ставови за мигрантите.

И се заканувале со смрт, ја критикуваат дека носи хиџаб и поради коментарите за нападот на 11 септември 2001 година. На мета е бидејќи го критикува Израел, но и дека не му дала поддршка на водачот на венецуелската опозиција, Хуан Гваидо.

Иако е релативно нова американска државјанка, од 2000 година, Илхан Амар е сепак подолго Американка од Меланија Трамп, која станала државјанка на САД во 2006 година.

Александра Окасио-Кортес е по потекло од Порторико и зборува шпански јазик. Во 2018 година е избрана како претставничка на 14. Њујоршки дистрикт. Има 29 години и е најмладата конгресменка досега. Таа критикува многу личности од својата партија како што се Џо Бајден и Ненси Пелоси, кои се прилично скептични кога се работи за нејзините способности да ги застапува демократите.
Многу е популарна на друштвените мрежи. На Твитер има 4,7 милиони следбеници, на Инстаграм 3,8 милиони и нејзините објави често се во центарот на вниманието ширум светот.

Ајана Презли е првата црна конгресменка избрана во Масачусетс. Била избрана во 2018 година. Во својот победнички говор го нарекла Трамп „расист и човек кој нема емпатија“.

Рашида Тлаиб е од Мичиген и е првата жена со палестинско потекло која е избрана за Конгресот. Заедно со Омар таа е уште една муслиманка во таа институција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот