Љупчо Коцевски /фото: Слободен Печат / Слободан Ѓуриќ

Коцевски чека екстрадиција на Груби, но вели дека не знае каде е – тоа не е негова надлежност

Истрагата во која е осомничен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е речиси завршена, единствено се чека на неговата екстрадиција, рече вечерва републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Тој вели дека сите докази се собрани, има и финансиска истрага, но и оти нема информација каде е Груби бидејќи тоа не е надлежност на Обвинителството.

За констатацијата во извештајот на Европската комисија за земјава дека „корупцијата останува распространета во многу области и е прашање за сериозна загриженост“, Коцевски вели дека за борба против оваа појава треба да се создадат услови што значи дека се потребни истражители, истражни центри и форензичари кои ќе можат тоа да го работат.

На прашањето дали Јавното обвинителство го дава максимумот во борбата против корупцијата, имајќи ги предвид ваквите наводи во документот од ЕК, Коцевски одговара:

„Обвинителството дава повеќе од максимум. Верувајте, затоа што еве, и јавноста знае со какви предмети се соочуваме, со каков вид на висока корупција се соочуваме…“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот