Книжевен превод: „Будимир и ретките животни“ од Зоран Пеневски

Книгата за деца „Будимир и ретките животни“ од Зоран Пеневски, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс ламина – публикации“, беше промовирана онлајн на 18 јуни. Станува збор за интересна книга наменета за сите љубопитни деца, кои сакаат да дознаат повеќе за ретките животни, и содржи духовита приказна што нè потсетува на тоа дека нас, како луѓе, нè определува и нашиот однос кон животните. Книгата „Будимир и ретките животни“ најпрвин е објавена во 2013 година, на српски јазик во издание на „Креативни центар“.

Зоран Пеневски (Панчево, 1967) е писател, сценарист и преведувач. Автор е на романите „Лектор“ (СКЦ Нови Сад, 2015), „Траги од отсуство“ (Океан, 2008), „Помалку важни злосторства“ (стипендија од фондот „Борислав Пекиќ“, Океан, 2005 година) и други. Има напишано и сценарија за повеќе стрип-албуми, но и приказни, текстови, прегледи, критики и есеи (за литература, стрипови, музика, илустрации и други). Има преведено повеќе од педесет книги (од англиски, германски и македонски јазик) и има уредено повеќе од сто изданија. Негови дела се преведени на англиски, француски, холандски и на македонски јазик.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 36, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 20-21 јуни 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот