Книгата раскази „Делфинот“ од Александар Прокопиев е објавена во Бугарија

Предна и задна корица на бугарското издание на книгата

Познатото софиско книгоиздателство „Books4All“ („Книги за сите“) ја издаде книгата раскази „Делфинот (приказни за видливото и невидливото)“ на македонскиот автор Александар Прокопиев. Преводот на бугарски јазик е на Деница Проданова, а инвентивното решение на корицата на Стефан Пламенов.

Во препораката до бугарскиот читател на „Делфинот“ е напишано: „Мајстор на прозата, Александар Прокопиев умее да раскажува приказни што вовлекуваат во интригата, возбудуваат со своите емоции и на крај, но не и помалку важно – долго остануваат во вашите мисли“.

Претходната книга на Прокопиев преведена на бугарски јазик, „Човечулец“, беше под покровителство на истото книгоиздателство што го води издавачот, книжевен истражувач и критичар Пламен Тотев. „Човечулец“ имаше впечатливи претставувања за време на Меѓународната ноќ на литературата во Софија, како и во Македонскиот културен центар.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 199, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 7-8.10.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот