Реал Мадрид/Real Madrid C.F

Клубовите кои најмногу заработија во 2025 година – Реал Мадрид и без трофеи е на врвот

Реал Мадрид и понатаму ја држи финансиската круна во светскиот фудбал, покажува најновиот годишен извештај на ревизорската куќа „Делиот“. Иако во сезоната 2024/25 не успеа да ги освои ниту Ла Лига, ниту Лигата на шампионите, „кралскиот клуб“ останува најпрофитабилен со приходи од неверојатни 1,16 милијарди евра.

Клучна улога во ваквиот финансиски успех имаат комерцијалните приходи, кои бележат раст од 23 отсто и достигнаа 594 милиони евра, што уште еднаш ја потврдува глобалната моќ на Реал Мадрид надвор од теренот.

На втората позиција се најде Барселона со 975 милиони евра приходи, со што каталонскиот клуб се врати меѓу трите најбогати во светот по пауза од пет години. Трет е германскиот шампион Баерн Минхен со 861 милион евра, додека актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен, е четврти со 837 милиони евра.

Англиските клубови доминираат во продолжението на листата, од петтото до десеттото место, предводени од Ливерпул. Впечатливо е што меѓу десетте најпрофитабилни клубови во 2025 година нема ниту еден италијански тим, што најдобро ја отсликува финансиската разлика во однос на останатите европски лиги.

КЛУБОВИ СО НАЈГОЛЕМА ЗАРАБОТКА ВО 2025 ГОДИНА

Реал Мадрид – 1,16 милијарди евра
Барселона – 975 милиони евра
Баерн Минхен – 861 милион евра
Париз Сен-Жермен – 837 милиони евра
Ливерпул – 836 милиони евра
Манчестер Сити – 829 милиони евра
Арсенал – 822 милиони евра
Манчестер јунајтед – 793 милиони евра
Тотeнхем – 673 милиони евра
Челси – 584 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот