Клобучар се откажа од трката за потпретседател на САД и му предложи на Бајден да избере Афроамериканка

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Асошиејтед прес пренесува дека Ејми Клобучар се откажува од трката за потпретседател на САД, и наместо тоа го повика демократскиот кандидат Џо Бајден да избере жена која не е бела.

Нејзините шанси во кампањата се намалија по убиството на Џорџ Флојд и затоа го повика претпоставениот претседателски кандидат и го даде својот предлог. Бајден веќе се обврза да избере жена за свој партнер во изборната трка.

„Ако сакате да ја излечите нацијата ова е начинот да го направите тоа“, рече Клобучар во интервју за телевизиската мрежа Ем-Ес-Ен-Би-Си.

Бајден во четвртокот ѝ возврати на Клобучар во порака на Твитер, укажувајќи на нејзината „грижа и решителност“ велејќи: „Со ваша помош, ќе го победиме Доналд Трамп“.

Шансите на Клобучар за потпретседателското место во кампањата се намалија по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на бел полицаец во Минеаполис. Клобучар претходно беше обвинителка во округот во кој се наоѓа Минеаполис и во тој период повеќе од дваесетина луѓе, претежно од малцинствата, починаа при средби со полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот