Доналд Трамп / Фото: Фејсбук

„Ќе уништуваме области и групи што не беа на списокот на Пентагон“: Трамп се закани дека војната ќе ескалира

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска зборуваше за најновите случувања на Блискиот Исток, тврдејќи дека Иран, под силен притисок од континуираните воени напади на САД и Израел, бил принуден да попушти и да им се извини на соседните земји, пренесуваат светските медиуми.

Во остра порака објавена на неговата социјална мрежа „Трут Сошиал“, Трамп истакна дека ветувањето на Техеран да не ги напаѓа своите соседи е единствен резултат на разорната воена кампања на Вашингтон и Тел Авив.

Според него, Иран, кој со години се обидува да преземе апсолутна контрола врз Блискиот Исток, сега за првпат во својата историја е поразен од соседните земји. Користејќи ја својата препознатлива реторика, американскиот лидер ја окарактеризира Исламската Република како поранешен „насилник“, кој, поради неодамнешните воени дејствија, е сведен на „губитник во регионот“.

Покрај острата квалификација, Трамп отворено се закани дека ќе ги прошири воените операции.

„Поради лошото однесување на Иран сериозно се разгледува целосно уништување на одредени области и групи кои до овој момент не беа на официјалниот список на цели на Пентагон и израелската армија“.

Овие заканувачки пораки од Вашингтон доаѓаат веднаш откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан јавно изјави дека привременото раководство во Техеран донело одлука да ги запре нападите врз соседните арапски држави. Сепак, Пезешкијан постави јасен услов – прекинот на огнот кон соседите важи само ако не се извршат нови напади врз Иран од нивните суверени територии.

Во исто време, од Техеран доаѓаат многу поостри тонови. Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) издаде драматично предупредување, велејќи дека сите американски и израелски воени бази, како и нивните економски и стратешки интереси во регионот, автоматски ќе станат примарни цели ако продолжи воздушната агресија врз иранската територија.

Трамп пресече: Нема договор со Иран, освен безусловно предавање

 

Иран се закани со одмазда кон Европа: „Ќе станете легитимна цел ако се приклучите кон агресијата“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот