Ќе се реконструира случајот за исчезнувањето и смртта на двегодишната Данка
Апелациониот суд во Ниш наложи дополнување на истрагата во постапката за повторно одлучување во случајот со исчезнувањето и смртта на двегодишната Данка Илиќ, оценувајќи дека е потребно дополнително да се разјаснат околностите и да се провери валидноста на собраните докази, вклучително и одбраната на сообвинетите.
Препорачано
Според официјалното соопштение, новиот судски совет, со променет состав, ќе има обврска да спроведе реконструкција на настанот под идентични услови со цел попрецизно да се утврди фактичката состојба, но и повторно да ја испита мајката на Данка, Ивана Илиќ.
„Реконструкцијата на настанот мора да се изврши според исказот на секој поединечен обвинет, особено според исказот на мајката Ивана Илиќ, која мора повторно да биде испитана како сведок – сите под исти метеоролошки услови, во исто време од денот, и со идентичен распоред на зградите и паркираното возило во дворот на куќата во населбата Бањско Поље, како и положбата на службените возила на улицата во близина“, се наведува во образложението.
Реконструкцијата ќе се базира на досега собраните докази – вклучувајќи извештаи од местото на злосторството, скици од местото на настанот, фотографии и стручни мислења


