Ќе се градат две нови детски градинки во Општина Аеродром

Општина Аеродром објави конкурс за изработка на идејни решенија за две модерни и современи детски градинки, информира градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.
Според најавите, првата градинка ќе се наоѓа во Населба Лисиче, а втората во непосредна близина на кулите Џевахир.

– Процесот на избор на најдобро решение ќе се спроведе низ транспарентна постапка, со вклучување на универзитетски професори и експерти од областа и поставување услови за највисоки стандарди при изведбата. И не е само изградбата важна. Посебен акцент при изборот на идејно решение, како и самата изградба на градинките, се става на користењето на најсовремени и квалитетни материјали, енергетска ефикасност на објектот и обезбедување највисоки стандарди за згрижување и реализирање на квалитетен воспитно-образовен процес – вели Муцунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот