Ќе се бираат над 30 нови судии во 13 основни судови

Фото: Профимедиа

Судскиот совет на денешната 436-та седница донесе одлука за избор на вкупно 31 судија низ повеќе основни судови низ внатрешноста на државата, без Скопје.

30 кандидати од седмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители ќе може да конкурираат за шестмина судии во Основниот суд Прилеп, четири во ОС Струга, по три во ОС Битола и ОС Кичево, по две во ОС Крушево, ОС Охрид, ОС Тетово, ОС Делчево, ОС Радовиш и ОС Берово, како и за по едно место во ОС Куманово, ОС Струмица и ОС Свети Николе.

Одлуката за распишување на огласот беше донесена со 8 гласа за и четири против, откако претходно, исто така, по пат на гласање, Советот одлучи огласот да се распише само за внатрешноста.

Членовите на Судскиот совет во најголем дел од денешната дебата по точката за донесување на одлука за објавување огласи за избор на судии во основните судови низ земјава, полемизираа за тоа дали да се распише оглас за сите судови согласно потребите или да се изостават за Скопје, каде е најголем интересот, а да се распишат огласи за судии во судовите од внатрешноста каде има помал интерес и состојбата е поалармантна.

Дел од членовите на Советот, аргументираа дека можеби треба да се размислува стратешки, па додека не се направи нова судска мрежа (што не зависи од нив), да ги зајакнат судовите со проширена надлежност, од каде потоа со делегирање ќе се упатуваат судии во основните судови каде нема интерес од кандидатите, а состојбата е алармантна. Други, пак посочија дека судовите не постојат за судиите, туку судовите постојат за потребите на граѓаните, а состојбата е алармантна речиси низ сите судови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот