Иранска нуклеарна програма / Фото: EPA

„Ќе размислиме за нуклеарна бомба ако Америка повторно нападне“, се закани Иран

Парламентот на Иран ќе разгледа зголемување на нивото на збогатување на ураниум на 90% во случај на нов напад од САД, изјави пратеникот Ебрахим Резаи. Портпаролот на парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика, напиша дека тоа е една од клучните опции што ќе се дискутираат во Техеран, објави Анадолија.

„Една од опциите на Иран во случај на обновен напад би можела да биде збогатување од 90%. Тоа ќе го анализираме во парламентот“, рече Резаи.

Нуклеарните централи обично бараат збогатен ураниум од 3 до 5%, додека нуклеарното оружје бара ниво од 90%.

Оваа закана доаѓа откако американските медиуми објавија дека Доналд Трамп размислува за нови напади врз Иран за да ја ослаби нивната преговарачка позиција. Трамп ја оправда војната токму со тврдењето дека на Иран никогаш не смее да му се дозволи да развива нуклеарно оружје.

Мировниот договор не успеа

Надежите за мировен договор исчезнаа откако Доналд Трамп изјави дека примирјето со Иран е „на апарати за одржување во живот“, додека Техеран го отфрли американскиот предлог за прекин на конфликтот и се држеше до листата на барања што американскиот претседател ги опиша како „ѓубре“, објави Ројтерс.

„Примирјето е на апарати“: Ќе ги натерам „нечесниците“ од Техеран да попуштат, вели Трамп

Трамп рече дека одговорот на Иран го загрозува статусот на прекинот на огнот што започна на 7 април.

„Би го нарекол најслаб во моментов, откако ги прочитав глупостите што ни ги испратија. Дури и не ги прочитав до крај“, им рече на новинарите Трамп, кој постојано се закануваше дека ќе го прекине примирјето.

Стејт департментот соопшти дека американскиот државен секретар Марко Рубио имал телефонски разговори со своите австралиски и британски колеги за да разговара за „континуираните напори за враќање на слободата на пловидба во Ормускиот Теснец“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот