Парно радијатори за греење / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Ќе има гас за топланите Исток и Запад за до крајот на ноември, тестирање за дизел по добивање на соодветните дозволи

АД ЕСМ ја обезбеди потребната количина природен гас за работење на топланите Исток и Запад за периодот 16-30 ноември 2022г. Гасот е обезбен од Макпетрол по цена од 1345 евра за 1000 нм3, соопшти компанијата.

АД ЕСМ, како што се наведува, и натаму ќе продолжи да врши набавки на гас за покуси временски периоди со цел да се искористи финансиската поволност од континуираното намалување на цената на гасот на пазарот.

Како што и претходно информиравме, топланите ќе продолжат да работат на природен гас во текот на грејната сезона како основен и најеколошки енергенс за нивно функционирање. Во меѓувреме, системот технички се подготвува за тестирање за користење на алтернативно гориво дизел, како резервно решение за во случаи во кои поради геополитички случувања во Европа гасот би станал недостапен на пазарот или би достигнал екстремно високи цени. Тестирањето ќе се врши по обезбедување на сите соодветни дозволи од надлежните институции и почитување на приписите за постапката, се наведува во соопштението од АД Електрани на Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот