Китев: Добрата билатерална соработка меѓу Македонија и Франција треба да продолжи со француска поддршка за влез во ЕУ – Слободен печат
ВестиМакедонија

Китев: Добрата билатерална соработка меѓу Македонија и Франција треба да продолжи со француска поддршка за влез во ЕУ

Македонските парламентарци се активни во парламентарната дипломатија за убедување на нивните француски колеги, за добивање зелено светло за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ на идниот европски самит.

Во Францускиот Сенат се одржува посебен состанок на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, посветен на темата „Европските демократии соочени со лажните вести и одговорите кои што земјите членки на Советот на Европа можат да ги дадат во справувањето со овој глобален феномен”. На состанокот учествува и шефот на македонската парламентарна делегација при ПССЕ Бетиан Китев, кој имаше обраќање на средбата, а оствари и билатерална средба со претседателот на Комисијата за европски прашања на францускиот Сенат, Жан Бизе, јавува дописникот на МИА.

Македонските парламентарци се активни во парламентарната дипломатија за убедување на нивните француски колеги, за добивање зелено светло за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ на идниот европски самит.

Со оглед дека ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО е во тек и се очекува наскоро процесот да биде заокружен во францускиот Парламент, на средбата Китев и Бизе разговараа, пред се, за почетокот на преговорите за членство во ЕУ, за што Франција се спротивстави.

– Се разбира, добрата билатерална соработка меѓу Македонија и Франција треба во пракса да продолжи и да го ефектуираме со јасна француска поддршка за нашите евроатлантски интеграции. Всушност моите убедувања му ги пренесов на Жан Бизе дека Франција има одлична шанса она што го промовираше во април, оваа година, односно Стратегијата на Франција за Западен Балкан да ја ефектуира во јасна француска поддршка на наредниот самит, кој што ќе биде, исто така од исклучително значење за нас, рече Китев.

Тој додаде дека е исклучително благодарен заради можноста и шансата повторно да ги искаже македонските аспирации кои што се однесуваат за важни геостратешки и надворешно – политички состојби што имаат и директно влијание во нашата држава.

Китев, во своето обраќање на посебниот состанок на Мониторинг комисијата на ПССЕ, каде се расправаше за Европските демократии соочени со лажните вести и одговорите кои што земјите членки на Советот на Европа можат да ги дадат во справувањето со овој глобален феномен на лажни вести, нагласи дека „лажните вести вршат директна дисторзија и на политичкиот систем и нанесуваат штета и на самата медиумска сфера”.

Китев притоа потенцира дека „овој тип насилство кој што лажната вест може да го направи врз едно демократско општество треба на некој начин да се разграничи од она што значи слобода на говор и слободно користење на изворите”.

– Тоа во никој случај не треба да создаде активност за едно демократско општество да воведе цензура или да го ограничи информирањето на граѓаните кое што е исклучително важно и потребно за носењето би рекол на секојдневни ставови по серија на важни прашања  кои што не допираат сите нас, вели шефот на македонската парламентарна делегација при ПССЕ.

Феноменот на лажните вести е една од важните теми со кои во последно време се занимава Советот на Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close