Кипар: Властите предадоа тело на починат британски турист од кое било извадено срцето

Смртта на 76-годишен британски пензионер Мајкл Грејли кој бил со своето семејство на Кипар се претвори во трилер. Семејството открило дека телото на мажот е предадено без неговото срце, пишува Етнос.

Сопругата дознала дека недостасува срцето на покојникот кога патолог вршел втора обдукција, во Велика Британија, бидејќи службените лица од Кипар во потврдата не ја навеле причината за смртта.

-Ми кажаа дека некој му го отстранил срцето на Мајкл, па затоа не можат да ја утврдат причината за смртта. Бев толку шокирана. Беше ужасно – рече неговата сопругата.

Канцеларијата на патологот од Рочдејл соопшти дека истрагата е во тек.

Кипарската полиција соопшти дека срцето на Мајкл е испратено во истражувачки центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот