Кинотека: Летното кино го добива називот „Мирно лето“

Пред 60 години, или летото 1960 година, Димитрие – Рули Османли почнал да го снима филмот „Мирно лето“, што значи дека следната година ќе го прославиме 60-тиот роденден на првата македонска филмска комедија.

Дополнително, оваа година „Мирно лето“ е на списокот филмови што дигитално ќе се реставрираат. Сите овие јубилеи и активности, покрај симболичниот наслов, беа повод да биде донесена одлуката летното кино да го добие називот „Мирно лето“, известија од Кинотеката.

Комедијата „Мирно лето“ (1961) е еден од филмовите меѓници во македонската кинематографија, со пионерски дух во многу сегменти: Димитрие Османли е првиот македонски филмски режисер, а „Мирно лето“ е првата комедија во македонската кинематографија.

Премиерата на филмот се одржала на 18 мај 1961 година во скопското кино „Култура“. Филмот ќе биде прикажан во програмата на летното кино под отворено небо на 5 август. За време на проекцијата ќе бидат претставени и неколку артефакти инспирирани од филмот и неговиот автор – меѓу другото, карикатури на Василије Попович Цицо и на Дарко Марковиќ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 42, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4 август 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот