Кинеско-белоруски маневри на самата граница со Полска
Кинески и белоруски „антитерористички“ единици почнаа еднонеделни маневри Соколов напад во местото Брест, на самата граница со Полска, само неколку часови пред да почне самитот на НАТО во Вашингтон.
Заеднички единици до 19 јули ќе увежбуваат ноќен десант, надминување водени препреки и операции во населени средини, објави Министерството за одбрана во Минск, без да го објави бројот на учесници на вежбите. Пекинг се заблагодари за белоруската „церемонија за добредојде на кинеските трупи“.
Препорачано
– Целта на заедничките вежби е да се надградат координативните капацитети на трупите и да се продлабочи политичката соработка помеѓу двете армии – соопшти Министерството за одбрана на Кина.
Територијата на Белорусија беше искористена за првичниот удар од руската воена инвазија врз Украина – за офанзивата кон Киев. Министерство за одбрана во Минск објави дека „значително се зголемува обемот на силите на НАТО покрај границата со Белорусија, што води кон зголемена тензија во регионот.“
– Нашата земја ги презема сите возможни мерки за да се спречи ескалација. Ако, сепак, некој ги помине нашите граници, реакцијата ќе биде сурова – соопшти Министерството.


