Кинескиот јуан на рекордно ниско ниво во однос на доларот

Јуан/ Фото Архива

Кинеската валута јуан достигна ново рекордно ниско ниво во однос на растечкиот американски долар, пишува Би-Би-Си. Јуанот со кој се тргува на меѓународниот пазар падна на најниско ниво откако податоците за прв пат станаа достапни во 2011 година.

Кинеската домашна валута, исто така, ја достигна најслабата точка од светската финансиска криза во 2008 година.

Тоа доаѓа во време кога доларот продолжува да расте во вредноста во однос на другите главни валути, откако американската централна банка повторно ги зголеми каматните стапки на почетокот на овој месец.

Покрај јуанот и останатите азиски валути доживеаја пад. Јапонскиот Никеи индекс, Ханг Сенг од Хонг Конг и Коспи во Јужна Кореја паднаа за повеќе од 2% на берзата.

Кинеската централна банка се обидува да го забави падот на јуанот така што ќе го поскапи обложувањето против валутата. Народната банка на Кина исто така го намали износот на девизи на банките.

Многу инвеститори го гледаат доларот како безбедно место за да ги стават своите пари во тешките и проблематични времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот