Кина ќе соработува со Русија за изградба на поправеден светски поредок

ФОТО: EPA-EFE/WU HAO

Кина е подготвена да ја прошири стратешката соработка со Русија со цел да ја промовира демократизацијата на меѓународните односи и да изгради поправеден и порационален светски поредок, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

„Кина во новата година е подготвена да работи со Русија за зајакнување на стратешките врски и продлабочување на практичната соработка со цел да придонесе за унапредување на демократизацијата на меѓународните односи, формирање поправеден и порационален меѓународен поредок и да го олесни изградба на заедница со заедничка иднина за човештвото“, рече Ванг.

Тој нагласи дека „под стратешкото водство на двете земји, руско-кинеските односи тргнаа по нов пат на хармоничен соживот и заемно корисна соработка меѓу соседните земји“.

Претходно оваа недела, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека односите меѓу Русија и Кина во моментов се на највисоко ниво во историјата.

Тој ги опиша врските меѓу двете земји како доверливи, прагматични, меѓусебно почитувани и засновани на балансот на интереси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот