Кина ќе ги штити жените од дискриминација, усвоен е посебен закон

Свадба во Кина
Фото: EPA-EFE/WU HONG

Со усвојувањето нов закон, по речиси 30 години од првичниот, Кина денеска на жените им овозможи поголема заштита од родова дискриминација и сексуално вознемирување, пренесуваат британските медиуми.

Законот доаѓа во време кога активистите изразуваат се поголема загриженост поради зголемената реторика на владата за вредностите на традиционалните женски улоги и тоа што некои го гледаат како назадување на правата на жените и порестриктивни ставови кон абортусот, додаваат британските медиуми.

Сè уште не се знае до кој степен ќе бидат застапени ваквите поконзервативни владини ставови во новио закон, бидејќи деталите од овој правен акт се уште не се објавени.

Ова е првпат по 30 години да се менува законот за заштита на жените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот