Кина го претстави извештајот за потеклото на Ковид-19

Кинеско знаме / Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Кинески претставници вчера ги информираа дипломатите за резултатите од истражувањето на потеклото на Ковид-19, пред долго очекуваниот извештај на Светска здравствена организација (СЗО).

Заменик-директорот на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести Фенг Зијан изјави дека експертите исптитале четири можни сценарија како вирусот пристигнал во Вухан. Било испитувано дали лилјак го заразил човекот или од цицач вирусот преминал на човекот, дали Ковид-19 е пренесен преку замрзната храна или дали настанал во лабораторија во Вухан.

Според Фенг, експертите по детално испитување заклучиле дека најверојатниот начин на пренос на вирусот е преку животно или евентуално преку замрзната храна, а најмалку веројатно е дека вирусот потекнува од лабораторија.

Експерти од СЗО во јануари и февруари заедно со кинеските колеги го испитуваа потеклото на Ковид-19 во Вухан. Објавувањето на извештајот со нивните сознанија повеќе пати е одложуван. Експертот на СЗО, Петер Бен Ембарек, кој го предводеше меѓународниот тим експерти во Кина, изјави дека извештајот од речиси 400 страници е завршен и оти се проверуваат фактите и се преведува текстот.

– Очекувам во следните неколку дена целиот процес да биде завршен и да можеме да го објавиме – посочи Ембарек.

На брифингот во кинеското Министерство за надворешни работи присуствувале дипломати од 50 држави, како и претставници на Лигата на арапски држави и на Африканска Унија.

– Kина жестоко се спротивстaвува на обидите на поединечни држави да го политизира прашањето за потеклото на вирусот и на неоснованите обвинувања на Кина – се наведува во соопштението на кинеското МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот