Ким Клајстерс се враќа на тениските терени (ВИДЕО)
Белгијката Ким Клајстерс (36) официјално се повлече во 2012 година по УС Опен, но во специјалното видео обраќање ги најави своите планови повторно да игра активен тенис следната година, откако и недостасувало чувството да биде дел од Светската ВТА турнеја.
– Не се чувствувам како да морам да се докажувам пред некого, го прифаќам ова како предизвик. Сè уште сакам да играм тенис, го правам тоа секогаш кога е можно. Сакам да бидам повторно силна, ова е мојот маратон, затоа си реков дека ќе се обидам – вели Клајстерс.
Hi guys, I’m excited to finally be able to share this news with you… #wta #2020 pic.twitter.com/tm7jYMEwrH
— Kim Clijsters (@Clijsterskim) September 12, 2019
Во видеото, таа опишува како сака да биде мајка на своите три деца и во исто време да биде професионална тенисерка. Таа работела напорно и мисли дека е време да направи втор „кам-бек”.
– Се гледаме во 2020 година – гласи пораката на белгиската тенисерка.
Во својата кариера на грен слем турнирите, трипати го освои „УС Опен“ (2005, 2009, 2010 година), еднаш „Австралија Опен“ (2011), двапати финалистка на „Ролан Гарос“ и двапати полуфиналистка на „Вимблдон“.