Киев со реакција до кинескиот амбасадор во Париз: Чудно е да се слушне ова од земја која внимава на нејзината историја

Михаило Подољак / Фото: ЕПА

Чудно е да се слушне апсурдна верзија на историјата на Крим од претставник на земја која е исклучително внимателна кон нејзината илјадагодишна историја, изјави денеска советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина Михаил Подољак, реагирајќи на изјавата на кинескиот амбасадор во Париз кој го доведе во прашање суверенитетот на поранешните советски држави, како што е Украина.

„Чудно е да се слушне апсурдна верзија на историјата на Крим од претставник на земја која внимава на нејзината илјадагодишна историја“, напиша Подољак на Твитер, пренесе Ројтерс.

Тој изјави дека ако некој сака да биде голем политички играч, не треба да ја повторува пропагандата на руските аутсајдери.

Франција и балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија изразија вознемиреност откако кинескиот амбасадор во Париз, Лу Шаје, го доведе во прашање суверенитетот на поранешните советски држави, како што е Украина.

Запрашан за неговиот став за тоа дали Крим е дел од Украина или не, кинескиот амбасадор во Париз за француската телевизија рече дека тој историски е дел од Русија и дека на Украина и бил понуден од поранешниот советски лидер Никита Хрушчов.

– Земјите од поранешниот СССР немаат реален статус според меѓународното право бидејќи не постои меѓународен договор со кој би го материјализирале својот суверен статус – посочи Шаје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот