Кичеец ќе ја отслужува затворската казна во Шутка

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Зоран Милески-Кичеец на 12 октомври треба самиот да се појави во затворот „Скопје“, во Шутка, каде што треба да ја издржи 3-годишната затворска казна.

Тој веќе го примил упатниот акт од Кривичниот суд, во кој е наведено дека на 12 октомври треба да оди зад решетки.

Кичеец беше осуден во случајот „Рекет“, по признание на вина, а Апелација му ја потврди казната иако тој се жалеше и бараше помала казна.

Кичеец во затвор треба да мине уште 2 години и 3 месеци, тој беше во притвор речиси девет месеци и даде гаранција од над 200.000 евра за да му биде укината мерката куќен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот