Ќерката на Никол Кидман и Том Круз има само 3 селфи-фотки на Инстаграм, а на последната и коментираше Шерон Стоун! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Ќерката на славниот холивудски актер Том Круз (58) и актеркатар Никол Кидман (53), Изабела Кидман Круз, на Инстаграм објави необична селфи-фотографија.

На профилот ја следат 23.500 луѓе, а она има само три селфи-фотки од јануари 2018 година, кога ја објави првата.

Последното селфи на Изабела е нешто поразлично од останатите, со оглед на тоа дека го има променето имиџот, па дури покажа и добар дел од деколтето. Исто така имала и очила за сонце, обетки, но и претпознатливата обетка на носот.

Фото: Инстаграм

На себе носела тигреста кошула и кожна јакна, а некои од следбениците и порачаа дека е време да ја тргне обетката од носот.

Она што е интересно, е претходната селфи-фотографија на Изабела, која ја прокоментира и една од најголемите актерски ѕвезди Шерон Стоун.

Фото: Инстаграм

– Си станала вистинска убавица – и напишала холивудската ѕвезда, а Изабела и одговорила така што и оставила три срциња под нејзиниот коментар.

Инаку Изабела Кидман Круз е ќерка на Том Круз и Никол Кидман, а пред неколку години таа се омажи за Макс Паркер, компјутерски техничар. Никој од родителите не беше на нејзината венчавка, а своето отсуство го оправдале со тоа што Том наводно „немал време“, а Никол снимала филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот