ФОТО: Доналд Трамп и Кит Келог за специјален пратеник за војната во Украина / Извор: Икс

Келог тврди дека Трамп може да стави крај на војната во Украина за неколку месеци

Специјалниот пратеник на Доналд Трамп за руско-украинската војна, генералот Кит Келог, изјави за Фокс њуз дека САД имаат конкретен план за понатамошни активности за ставање крај на војната.

Би рекол дека зборуваме за месеци, а не за години. Имаме солиден акционен план, изјави Келог.

Тој истакна дека решавањето на руската војна против Украина е национален безбедносен интерес на Соединетите Држави, истакнувајќи го сојузот на Москва со Иран, Северна Кореја и Кина.

Ова никогаш досега не се случило. Тие се собраа и склучија економски договори или мировни договори меѓу себе. Веќе видовме севернокорејски трупи на бојното поле во Курск, во самата Русија, како се борат против Украинците. Мислам дека имаме добар, солиден план за понатамошна акција, да почнеме да разговараме и да ги разбереме работите – рече Келог.

Запрашан за тоа кои би можеле да бидат следните чекори на администрацијата на Трамп во однос на Русија и Украина, избраниот претставник на Трамп одби да елаборира, велејќи дека „тоа ќе зависи од претседателот“.

Келог претходно изјави дека си поставил за цел да се обиде да најде решение за сегашната војна во рок од 100 дена од инаугурацијата на новиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот