Фото: Simone Comi/ipa-agency.net / Shutterstock Editorial / Profimedia

Кејт Винслет ќе ја толкува главната женска улога во нов филм од франшизата „Господарот на прстените“

Познатата актерка Кејт Винслет ќе му се придружи на Енди Серкис во новото филмско продолжение од светот на „Господарот на прстените“, пишува „Дедлајн“. Иако засега не се откриени повеќе детали за нејзиниот лик, странските медиуми наведуваат дека станува збор за централна женска улога во приказната.

До нејзиното приклучување на проектот дошло по иницијатива на Серкис и режисерот Питер Џексон, кои ја убедувале актерката да стане дел од новиот филм. Поради снимањето, Винслет ќе се пресели во Нов Зеланд, каде што од крајот на мај до октомври ќе ги снима своите сцени.

Во филмот повторно ќе се појават и неколку добро познати актери од претходните остварувања: Илајџа Вуд како Фродо Бегинс, Ијан Меккелен како Гандалф, додека Серкис уште еднаш ќе го толкува ликот на Голум.

Дејството на новиот филм, насловен „Господарот на прстените: Ловот на Голум“, ја следи опасната мисија на Арагорн кој се обидува да го пронајде и зароби Голум пред тој да му открие на Саурон каде се наоѓа Единствениот прстен. Приказната е сместена во периодот меѓу настаните од „Хобит“ и „Господарот на прстените: Дружината на прстенот“.

Снимањето е планирано да започне во мај, а Енди Серкис покрај актерската улога ќе го потпише и режисерскиот дел од проектот. Премиерата на филмот се очекува во кината во декември 2027 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот