Кејт Мидлтон се справува со обврските на Меган

Од преселбата на Хари и Меган во Канада, Кејт морала да преземе нови одговорности.

Заминувањето на Хари и Меган Маркл од кралското семејство можеби е најдоброто нешто за нив, но, според пишувањата на британските таблоиди, ова разделување ги повредило чувствата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а и создало проблеми за Кејт, која морала да се справи со сите обврски и оние кои не се нејзини.

Кејт Мидлтон, според британските медиуми, покажала голема емпатија кон одлуката на Хари и Меган, но сепак, е преоптоварена и би сакала да поразговара со нејзиниот зет, Хари, додека тој ја избегнува.

Од друга страна пак, американските медиуми пишуваат дека Хари е под постојан стрес, зашто не може нормално да си разговара (и дружи) со своите пријатели од Велика Британија, од младоста, и со семејството. Весниците известуваа и за тоа дека „откриле“ како принцот Хари, со голема жал кон своите пријатели, поради разделбата со кралското семејство, постојано контактира со нив на една од социјалните мрежи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот