Ќе се проширува патот што ги поврзува Хиподром и Илинден

Локалниот пат кој ги поврзува општините Гази Баба и Илинден денеска започна да се реконструира.

Како што информираше градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, реконструкцијата ќе опфати проширување на коловозот, за уште една лента, а ќе биде изградена и пешачка патека во должина од 2 километра, односно до влезот во општина Илинден.

Дополнително, за поголема безбедност на возачите и пешаците ќе биде поставено и ново улично осветлување до новата населба Хиподром 2.

Доколку работните активности се изведуваат според планираната динамика, проширувањето на патот ќе заврши за 30 дена.

Проектот е финансиски поддржан од Центарот за развој на скопски плански регион, и општините Гази Баба и Илинден.

Фото: Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот