Ќе добие и кривична пријава: МВР приведе светиниколец за мачење на животни

Фото: pravdiko.mk

Министерството за внатрешни работи соопшти дека СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од с. Ерџелија поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни”, казниво по член 233 од Кривичниот законик, во врска со што се појави и видео на социјалните мрежи.

За настанот веднаш е известен надлежен Јавен обвинител, согласно член 280 и член 282 од Закон за кривична постапка, по чија наредба е извршен увид, а М.Е. е приведен и со него е извршен разговор. По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот