Ќе бидат објавени имињата на познати личности поврзани со Беливук

Вељко Беливук, 2021 / Фото: Фејсбук

Тие му овозможиле да го направи она што го правел, а за тоа му овозможувале и заштита вели Светозар Вујачиќ, советник на министерот за внатрешни работи Александар Вулин.

Политичарите од власта и опозицијата биле во контакт со уапсениот водач на криминалниот клан Вељко Беливук, викан Беливук. Тие му овозможиле да го направи она што го правел, а за тоа му овозможувале и заштита вели Светозар Вујачиќ, советник на министерот за внатрешни работи Александар Вулин.

Вујачиќ рече дека со нарачателот на бруталните убиства контактирале актери, спортисти и пејачи и дека јавноста буквално ќе се зачуди кога ќе се откријат нивните имиња.

– Криминалната група на Беливук имала свои луѓе во обвинителството, судот и во државните органи и меѓу политичарите, од кои некои беа на високи позиции во државата. Без таа поддршка, тој немало да може да го стори она што го сторил. Тие документи се чуваат како строго доверливи и во оваа фаза, назначувањето на кој било од пријателите на Беливук би наштетило на истражната постапка – посочува Вујачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот