Казна од 50 евра за загадувач кој испуштил отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра казнето е физичко лице за сторен прекршок – испуштање отпадни води на јавна површина, во населеното место Бардовци.

„Инспекциските служби на Општина Карпош вчера го санкционираа ова лице кое беше забележано како фрла отпадни води од превозно средство, со што придонесува во загадување на животната средина“, соопшти Општина Карпош.

Општина Карпош информира дека ги интензивира инспекциските контроли. Континуирано се врши надзор кај затворените депонии во Злокуќани, кај фудбалското игралиште, во Бардовци, долж реката Лепенец, по течението на реката Вардар и на други покритични, јавни површини.

„Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат правилата и правилно да го одлагаат отпадот. Општина Карпош спроведува и информативна кампања за правилно фрлање на комуналниот, џепниот, кабастиот, електричниот и електронскиот отпад. На овој линк граѓаните можат да се информираат: https://bit.ly/2RjmSN8“, се вели во соопштението од Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот