Кастратовиќ: Металург има добри шанси против Горење Велење

rkmetalurg.mk

Новиот тренер на Металург, Зоран Кастратовиќ, начелно е задоволен од противникот што го доби со ждрепката за третото коло во ЕХФ Купот.

– Горење Велење, слично на Металург, е млада екипа засилена со неколку поискусни ракометари, меѓу кои би го издвоил Давид Миклавчиќ. Ги гледав натпреварите на Горење против Металопластика и сметам дека Металург има добри шанси во овој дуел. Металург како екипа има поголемо меѓународно искуство, стекнато во настапите во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата во последните години и тоа е значителна предност – вели новиот стратег на Металург.

Како што е познато, првата средба ќе се игра во Велење, на 16/17 ноември, додека реваншот една недела подоцна во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот