Каролина Аврамовска ни препорачува: Израдувајте ги најблиските со превкусна торта со кокос

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За фил:

  • 1 литар млеко
  • 7 лажици шеќер
  • 7 лажици гриз
  • 200 грама кокосови трошки

За основа:

  • 2 јајца
  • 200 грама брашно
  • 100 грама шеќер
  • 100 мл. зејтин
  • 200 мл. млеко
  • 2 лажици какао
  • 1 пециво

ПОДГОТОВКА:

Соединетете ги сите состојки за филот, измешајте добро, а потоа сварете ги. Смесата треба да изгледа како крем. Неколку минути пред да го тргнете филот од рингла, додајте ги и кокосовите трошки.

Потоа, се матат јајцата со шеќерот, па се додаваат останатите состојки за основата.

Во калап за торта се става половина од смесата. Се пече на 180° степени, околу 5 минути.

Откако ќе го извадите, ставете го филот над основата, а над него и другиот дел од смесата за основата.

Вратете во рерна и печете уште 20 до 25минути на 180°

Откако ќе се испече, оставете да се олади, а потоа наросете со кокос и уживајте во сочниот вкус.

НА ЗДРАВЈЕ!


За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот