Фото: EPA/JAMES ROSS

Карлос Алкараз во третото коло на Австралија опен

Светскиот рекет број еден, Карлос Алкараз од Шпанија, се пласираше во третото коло на Австралија опен во Мелбурн откако го победи Германецот Јаник Ханфман со 7-6, 6-3, 6-2.

Во првиот сет од 78 минути, најдолгото играње на Алкараз во кариерата на Гренд Слем турнир, Ханфман водеше со 3-1 и спаси две брејк топки на 5-5, а потоа водеше со 4-3 во тај-брејкот, пред Шпанецот да освои четири последователни поени.

Алкараз го реши вториот сет со брејк во четвртиот гем, а во третиот двапати му направи брејк на својот ривал за да обезбеди место во следната рунда.

Следниот противник на Алкараз ќе биде Французинот Корентин Муте, кој беше поразен во второто коло од Американецот Мајкл Женг.

Третото коло на првиот грен слем турнир во сезоната го обезбеди и Русинот Даниил Медведев, кој го елиминираше Французинот Кантан Алис во четири сета со 6:7, 6:3, 6:4, 6:2 по три часа игра. Во следната рунда ќе игра против Унгарецот Фабијан Морожан.

Рускиот тенисер, Андреј Рубљов, кој победи против Португалецот Хаиме Фарија со 6:4, 6:3, 4:6, 7:5, исто така се пласираше понатаму. Нов противник на 15-тиот тенисер на светот ќе биде Аргентинецот Франциско Серундоло, кој го победи Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина со 6:3, 6:2, 6:1.

Американецот Томи Пол победи против Аргентинецот Тијаго Тиранте со 6:3, 6:4, 6:2 и со тоа закажа дуел со Шпанецот Алехандро Давидович Фокина, кој во втората рунда го победи Американецот Рајли Опелка со 6:3, 7:6, 5:7, 4:6, 6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот