Карим Кан е новиот главен обвинител на МКС во Хаг

Претставници на 131 земја-членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС) синоќа во Њујорк одлучија британскиот адвокат Карим Кан да биде новиот главен обвинител на Трибуналот за воени злосторства, кој ќе ја замени Фату Бенсуда кога ќе и истече деветгодишниот мандат подоцна оваа година, пренесува британски Гардијан.

Весникот наведува дека Кан, кој ја вршеше функцијата помошник генерален секретар на Обединетите нации и неодамна водеше специјална истрага на ОН за злосторствата на Исламска држава, победи во вториот круг на гласање и ја доби поддршката од 72 од 131 земја, па во јуни 2021 година ќе го започне својот деветгодишен мандат во Хаг.

Гардијан пишува дека првата задача на Кан, кој е експерт за човекови права, е да обезбеди повеќе пресуди и со тоа да го зголеми легитимитетот на судот меѓу многу земји-членки на ОН кои одбиваат да ја признаат неговата надлежност, како што се САД, Израел, Русија и Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот