Кари старо 2.000 години: Откриен најстариот доказ за познатиот зачин, во југоисточна Азија

Фото: Пеџелс/ Mike van Schoonderwalt

Денес е тешко да се замисли свет без зачини. Брзата глобална трговија овозможи увоз и извоз на секакви вкусни состојки, со кои ни се доближија индиската, кинеската, виетнамската, малезиската и многу други кујни на нашите трпези, пренесува „Гардијан“.

Во новата студија, според Д-р Хсијао-Чун Хунг од Австралискиот национален универзитет и тимот научници, кои ги откопале најраните познати докази за подготовката на јадењето во регионот, зачинот кари веројатно бил пренесен во југоисточна Азија пред 2.000 години.

Анализирајќи ги остатоците од растенијата, на 12 антички алатки за мелење изработени од камен, а пронајдени во јужен Виетнам, откриени се траги од ориз, куркума, ѓумбир, галангал, каранфилче, морско оревче и цимет.

Фото: Pexels/arthouse studio

Истражувачите биле изненадени, кога откриле дека семките од морско оревче што ги ископале на ова место сè уште биле ароматични и два милениуми подоцна. Ситните зрна од куркума и ѓумбир биле најзастапени меѓу откриените зачини на ова место.

„Овие ситни зрна покажуваат дека зачините најверојатно се мелени, слично на гранулите кои се наоѓаат во современиот кари во прав“, рече Хунг.

Научниците ги ископале камените алатки, помеѓу 2017 и 2019 година, откривајќи дека се по потекло од Јужна Азија. Тоа ги навело да заклучат дека рецептите за кари биле воведени во југоисточна Азија од јужноазиски мигранти или посетители за време на раниот трговски контакт преку Индискиот Океан.

Фото: Pexels/ vivek

Истражувачите велат, дека клучниот артефакт, плочата за мелење со голема нога, пронајдена со антички ситни зрна ѓумбир, цимет и морско оревче на неговата површина, е сличен на оние кои традиционално се користат за подготовка на паста од кари и денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот