Кардиолог откри четири грешки кои можат да доведат до срцев удар во зима

Profimedia
Фото: Профимедиа

Ниската надворешна температура го оптоварува телото, принудувајќи го срцето да работи посилно за да се загрее. Поради тоа, зимата може да претставува предизвик за оние со срцеви проблеми, а особено за луѓето со ослабено срце.

Зголемениoт број на отчукувања на срцето во зима може, во екстремни случаи, да доведе до сериозни компликации, вклучително и срцев удар.

Кардиологот Абхиџит Борс, интервентен кардиолог во Азискиот институт за срце, Мумбаи, дава вредни информации за грешките што може да го зголемат ризикот од срцев удар во зима.

Несоодветна облека

Мора да ги преземеме вистинските чекори за нашето тело да биде топло во зима. Ако не го направиме тоа, нашето срце ќе биде под поголем притисок да пумпа повеќе крв за да нè загрее.

Носењето топла облека, капи, волнени ракавици, пред сè, слоевитото облекување ќе го намали овој ризик, бидејќи слоевите помагаат да се задржи топлината.

Прекумерна активност

Да се ​​биде активен е важно, но претераната активност може да го зголеми бројот на отчукувањата на срцето, да го крене крвниот притисок и да го зголеми ризикот од срцев удар.

Затоа, не смееме премногу да се напрегаме. Клучот е да направите пауза и да дозволите вашето срце и тело да се опорават.

Дехидратација

Во зима не пиеме доволно вода поради ниските температури, а симптомите на дехидратација во организмот тешко се забележуваат.

Но, поради овие причини, хидратацијата е уште поважна, особено што се однесува на здравјето на срцето. Кога сме дехидрирани, тоа дополнително го оптоварува срцето, го зголемува бројот на отчукувања на срцето и ризикот од болести, објаснил Борс за „Хелт“ (The Health).

Прекумерно консумирање алкохол

Алкохолот може да ни помогне да се загрееме во студените зимски месеци, вели кардиологот. Сепак, тој советува да се пие умерено, бидејќи прекумерното консумирање може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.

Кога температурата е ниска, тоа предизвикува стеснување на крвните садови. Ова, во комбинација со прекумерно консумирање алкохол, може да предизвика мозочен или срцев удар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот