Карди Би претепала келнерка во стриптиз клуб: Таа е осудена на 15 дена општествено корисна работа

карди би
Карди Би / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Раперката Карди Би се изјасни за виновна за две кривични дела поврзани со тепачка во стриптиз клуб за да избегне судење и евентуална затворска казна, јавува „BBC“.

29-годишната раперка добитничка на Греми беше осудена на 15 дена општествено корисна работа, додека десет други обвиненија против неа беа отфрлени.

„Во минатото донесов некои лоши одлуки со кои не се плашам да се соочам и да ги признаам“, рече таа во изјавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lexis-Style (@lexisstyle_)

Пред судот, таа призна дека организирала и учествувала во два напади врз вработени во ноќниот клуб „Angels“ во Њујорк во 2018 година. Според властите, инцидентите произлегле од расправија помеѓу Карди и две сестри, од кои за едната верувала дека била во врска со нејзиниот сопруг, раперот Офсет.

Обвинителите рекоа дека првата вечер Карди и нејзината придружба ја удирале жртвата, келнерка, ја влечеле за коса, ја удирале и ѝ ја удриле главата во барот. Две недели подоцна се вратиле и ја нападнале сестрата на првата жртва со алкохол, шишиња и луле за наргиле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cardi B (@iamcardib)


Замолена да ги потврди деталите на суд, Карди тоа го направила тивко, признавајќи дека на својата пријателка ѝ понудила 5.000 долари преку социјалните мрежи за да ѝ помогне во конфликтот.

Покрај општествено корисна работа, на раперката ѝ било наредено да се држи настрана од жртвите три години. Таа ја прифати спогодбата за признавање на вината еден ден пред случајот да оди на судење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот